Хрватски научник избран за член на Американската академија на науки рамо до рамо со Ајнштајн и Дарвин

- Advertisement -

Хрватскиот научник Иван Џикиќ, кој работи во Институтот Гете во Франкфурт, во Џенентек во Сан Франциско и во Институтот Макс Планк, е избран за член на Американската академија за науки и уметности во делот природни науки.

Од 1780 година Aкадемијата редовно избира нови членови за да ги препознае извонредните достигнувања во академската заедница, уметноста, економијата, филантропијата и јавните работи. Меѓу членовите на академијата има повеќе од 250 добитници на Нобелова и Пулицерова награда, а некои од најпознатите членови биле Чарлс Дарвин, Алберт Ајнштајн и Мартин Лутер Кинг.

- Advertisement -

Многу сум почестен што можам да се приклучам на овој круг од истаканти личности. Им благодарам на сите минати и сегашни членови на мојата лабораторија, на моите ментори, на колегите од Институтот Гете и на моето семејство за постојаната поддршка и пријателството. Сакам да нагласам дека науката е одлична професија каде што слободно можете да истражувате, да тестирате нови идеи, да бидете креативни и љубопитни, да придонесете за општеството и да го пренесете своето знаење на студентите и на колегите од целиот свет“, изјави Џикиќ откако беше известен за изборот.

Свечената церемонија по повод влезот на повеќе од 200 нови членови во академијата ќе биде одржана во октомври во Кембриџ во Масачусетс, а меѓу новоизбраните членови е и поранешната прва дама на САД, Мишел Обама.

Сподели!
- Advertisement -