ИКЕА ќе ја замени амбалажата од стиропор со пластика направена од печурки

- Advertisement -

Замислете да можеме да ја замениме сета амбалажа направена од стиропор со алтернативен материјал направен од печурки, која може да ја фрлите во градина и да се разложи во почвата како ѓубриво. ИКЕА ќе го направи токму тоа. Компанијата сака да воведе биоразградлива амбалажа направена од печурки.

Со новиот материјал сака да го заменат стиропорот, кој не е биоразградлив. Новата амбалажа ќе биде направена од материјал наречен мицелиум, кој се формира како маса од корени од печурки. Корењата растат околу природно ѓубриво како што се лушпи од пченка и се врзуваат едни за други за да формираат мицелиум.

- Advertisement -

Таа амбалажа потоа можете слободно да ја фрлите во дворот, каде што ќе се разложи за неколку недели. Доколку целиот стиропор во светот се замени со заков материјал, ќе има 14 милиони тони помалку пластичен отпад на депониите секоја година.

Сподели!
- Advertisement -