Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека Србија е лидер во Европа по бројот на девојки во секторот информаттичко-комуникациски технологии и дека на земјите од ЕУ ќе им бидат потребни децении за да ја достигнат.
Брнабиќ по повод Меѓународниот ден на девојки во ИКТ изјави дека тие се иднината на Србија и најголем потенцијал кој го има земјата и дека е битно државата да им обезбеди соодветно образование, кариера и услови за да останат во Србија.
„Нашата памет, нашата снага и нашето образование се толку јаки шти Србија наскоро ќе може да стане лидер во ИЈТ секторот во светот“ изјави Брнабиќ.
Како што наведе таа, жените сочинуваат 60% од вработените во Канцеларијата на владата за информатички технологии и електронска управа. „Владата има два основни приоритети,а тоа се дигитализацијата и образованието. Денес живееме во интересно време, во време на четвртата индустриска револуција, која ќе го смени светот исто како и претходните, само што оваа ќе го направи тоа многу побрзо. Оваа револуција на земјите како Србија им овозможува ако нешто пропуштиле во развојот или не го направиле доволно брзо, да го надоместат сега. Затоа толку инвестираме во образованието, затоа што тоа е предуслов за се“, истакна премиерката на Србија.
На студиите по информатика во Србија 26% од студентите се девојки, а на студиите по инженерство 36%. Кога станува збор за професионално занимавање со ИТ професија, учеството на девојките е од 15% до 20%.