Amazon планира да ги лансира првите сателити за интернет во 2024 година

- Advertisement -

Amazon планира да ги лансира своите први интернет-сателити во првата половина од 2024 година, а набрзо потоа ќе понуди и почетни комерцијални тестови, објави денес компанијата.

Компанијата во сопственост на Џеф Безос го објави тоа додека се подготвува за натпревар со SpaceX на Илон Маск и други компании за обезбедување широкопојасен интернет ширум светот, објави Reuters.

- Advertisement -

Единицата за сателитски интернет на Amazon, Project Kuiper, ќе почне со пасовно производство на сателити оодоцна годинава, објави компанијата. Тоа ќе бидат први од вкупно 3.000 сателити кои гигантот планира да ги лансира во ниската орбита на Земјата во текот на наредните неколку години. Открија дека дефинитивно ќе имаат бета тестирање со комерцијални корисници во 2024 година.

Стандардниот кориснички терминал, квадратни антени од 11 инчи за Kuiper мрежата, ќе го чини Amazon помалку од 400 долари по парче и ќе овозможува интернет-брзина од 400 мегабити во секунда. Помалата мобилна антена со четириаголна форма и ширина од 7 инли и тешка 450 гр ќе биде напристапниот мрежен терминал на Amazon за корисниците, иако компанијата не ја објави цената.

- Advertisement -

(SEEBiz)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -