Samsung подготвува гејмерски сервис за паметни телефони

- Advertisement -

Под притисок од исток, но и поради намалена побарувачка за паметни телефони компаниите кои правеа милијарди долари од продажба на мобилни телефони полека се фокусираат на други извори. На пример, Apple неодамна направи голем чекор во тој правец со гејмерскиот и ТВ сервисот со кој корисниците за месечна претплата имаат пристап до повеќе списанија во дигитално издание, а претходно го претставија и Apple Music.

Изгледа дека и Samsung оди на тој пат. Јужнокорејската компанија и понатаму доминира на пазарот за мобилни уреди, но бидејќи не сака да зависи само од продажба на хардвер, нивните планови вклучуваат и онлајн сервиси како PlayGalaxy Link. Имено, неодамна беше откриен патент на Samsung за онлајн гејмерски сервис кој може да биде сличен на Apple Arcade. Станува збор за птерплатнички сервис со кој корисниците нема да треба да купуваат игри, туку за одреден месечен износ ќе уживаат во сите игри кои се достапни на него.

- Advertisement -

Според објавените податоци, не само што Samsung подготвува сервис за гејмери, туку работи и на паметен телефон наменет примарно за видеоигри. Со оглед на тоа дека многу луѓе денес играат игри најмногу на мобилни уреди, јасно е зошто се повеќе мобилни компании работат на телефони за подобро искуство при играње.

Сподели!
- Advertisement -