Мате Римац: Уште еден голем инвеститор ќе инвестира во Rimac Automobili

- Advertisement -

Електрични, автономни, споделени – тоа е иднината на автомобилите во наредните неколку децении, прашање е дали Хрватска ќе ја заболиколи инвестицискиот бран или ќе реагира навреме, изјави Мате Римац, сопственик на Rimac Automobili, во текот на форумот Croatia e-mobility, кој завчера се одржа во организација на Jutarni list и Американската стопанска комора во Хрватска.

„Иднината ќе донесе драстични промени во автомобилската индустрија и тоа веќе во следните 20 години. Автомобилите ќе се користат по потреба, корисниците нема повеќе да бидат и сопственици, а идните генерации веќе нема ни да научат да возат. До 2030 година речиси 80% од автомобилите ќе бидат автономни, а сите ќе бидат конектирани на Интернет. Сега во Европа 2% од нворегистрираните се електрични возила, до 2030 година тој број ќе биде повеќе од една третина“, вели Римац.

- Advertisement -

Тој предвидува дека дури 90% од автомобилите во 2030 година ќе може да се споделуваат. Римац откри и дека уште еден голем инвеститор влегува во неговата компанија и напомена дека Rimac Automobili работат со целата европска авиоиндустрија, со најголемите компании. Компаниите со коишто работат често имаат поголем приходи од хрватскиот БДП. Hyundai, на пример, има 4 пати повеќе.

Како што вели тој, автоиндустријата постојано расте и во 2000 година биле произведени 56,3 милиони автомобили, а денес се произведуваат речиси 100 милиони. Римац нагласи и дека во последните години се инвестирало во југоисточна Европа поради евтината работна сила, односно поевтиното производство отколку од домашните земји на производителите. Меѓутоа, се залага во Хрватска да се инвестира поради најсофистицираните технологии и да работат најдобро платени работници.

- Advertisement -

Сега се електрифицираат стотина нови модели на автомобили кои ќе излезат на пазарот за неколку години. Производителите на автомобили сега инвестираат во производители на батерии, во компании кои развиваат софтвер за автономно возење, во компании кои прават сензори за автономно возење итн.“ изјави Римац.

 

Сподели!
- Advertisement -