Кога возите велосипед малку е потешко давањето сообраќајни сигнали затоа што не станува збор за моторно возило како што е автомобилот со сета потребна сигнализација. Затоа велосипедистите ги користат рацете за сигнализација, меѓутоа сега имаат многу подобра алтернатива.
Ракавиците Zаckееs имаат вградени ЛЕД светла кои се поставени во форма на различни сигнали потребни при возењето велосипед како што е вртењето лево или десно. Наместо само да подигате раце и да посочувате, едноставно покажете ја ракавицата и таа ќе го покаже соодветниот сигнал за возачите на автомобили да можат да ве видат оддалеку.
ЛЕД сијаличките се активираат со притискање на копчето кое се наоѓа помеѓу палецот и показалецот. Освен ЛЕД светла, ракавиците имаат посебна заштита од потење, посебна пена која го апросбира шокот при возењето велосипед и работат на батерии кои може да се полнат.
Најдобро кај ракавиците е тоа што ќе се гледаат и ноќе, па ќе се спречат многу несакани сообраќајни незгоди. Освен тоа, може да ги носат и пешаци и луѓе кои трчаат, особено ноќе, за нивна поголема безбедност.
Cycling gloves with LED turn signal bike lights
These gloves have turn signals on them.Available here: https://amzn.to/2KZzY0A
Posted by Startup Selfie on Среда, 24 април 2019