Марк Цукерберг развива гаџет кој ќе ги замени паметните телефони

- Advertisement -

Facebook одамна е многу повеќе од социјална мрежа. Денес тоа е и хардверска компанија која продава паметни екрани и очила за виртуелан реалност и ја развива сопствената критповалута „либра“. Нои, се чини дека ниту еден од тие проекти не е битен како Orion, на кој Facebook работи веќе некое време и кој би можел целосно да ги смени нашите животи, односно да го смени начинот на кој комуницираме и споделуваме содржини.
Станува збор за очила со проширена реалност на кои работат подолог време со компанијата Luxottica, која ги држи брендовите како Ray-Ban и Oakley и веќе има соработувано со Google при развојот на нивните паметни очила. За Марк Цукерберг, Orion е еден од најголемите приоритети затоа што ако се остварат неговите предвидувања и надежи, навистина ќе донесе револуција на пазарот и ќе го означи почетокот на крајот за паметните телефони.
Посебен оддел на Facebook веќе некое време развиваше такви очила, но имаа проблеми со дизајнот и димензиите затоа што не можеа да направат гаџет кој ќе има димензии како класичните очила, односно нема да биде упадлив, а ќе поддржува модерни технологии. Со очилата на кои сега работат со Luxotticа ќе можеме да разговараме, ќе имаат камера за фотографирање и пренос во живо на социјалните медиуми и на самите очила ќе се прикажуваат содржини, известувања и слично.
Постојат два потенцијални начини на управување со Orion – со гласовен асистент кој Facebook исто така го развива или со посебен прстен кој ќе има сензор на движење и со гестови ќе се управуваат очилата. Според луѓе блиски до Цукерберг, рокот за развој на очилата е од 2023 до 2025 година.

Сподели!
- Advertisement -