Лондон сака да стане првиот град-национален парк во светот

- Advertisement -

Лондон сака да стане првиот град во светот кој целиот ќе биде национален парк така што ќе ја стави природата во центарот на урбаниот живот. Еден од проектите во тој правец бара од жителите на Лондон да ги претворат нивните „сиви“ површини во зелени така што ќе ги тргнат плочките од дворовите и ќе посадат трева или со замена на дрвените платформи во дворовите со тревници.

Освен тоа, од нив се бара да остават дупки во оградите за да можат низ нивните дворови да се шетаат ежеви. Има и други поголеми проекти. Градоначалникот на Лондон сака да ја зголеми зелената површина во градот за 10% и половина од територијата на Лондон да покрие со зеленило до 2050 година.

- Advertisement -

Но, за  да го постигне тоа Лондон ќе мора да се соочи со големи предизвици. Најпрвин, се очекува дека популацијата во градот ќе се зголеми за 2 милиони луѓе до 2040 година, но проблемот е во тоа што тешко е да се гради нов станбен простор без да се наштети на природата.

Некои проекти за остварување на амбициозната цел веќе даваат резултати. За само пет години поставени се зелени градини на 64 покриви во Вест Енд, што придонесе за намалување на температурата на атмосферата и апсорбирање на дождовната вода.

- Advertisement -

Повеќе од половина од популацијата на Земјата живее во градови. До 2050 година 7 од 10 луѓе ќе живеат во град.

Сподели!
- Advertisement -