Во Кина откриен нов вид летачки диносауруси

- Advertisement -

Кинески научници открија нов вид летачки диносауруси кои по својот изглед потсетуваат на лилјак. Ова откритие фрла сосема друго светло на процесот како се развиле диносаурусите во птици. Фосилните остатоци на новиот вид диносаурус беа откриени во Лиаонинг, на североисточниот дел од Кина, од страна на Мин Ванг, кинески палеонтолог и главен автор на студијата која беше објавена неделава. Ванг овие летачки диносауруси ги нарекол Ambopteryx longibrachium.

Меѓутоа, понатамошните истражувања покажале дека станува збор за сите диносаурус терапод со уникатни предни екстремитети и мембрански крила. Фосилот стар 163 милиони години е втор таков пронајден во светот и покажува дека постоеле диносауруси со крила слични на лилјаци, иако таа особина е забележана и кај праисториските летачки верверички, лилјаците и кај птеросаурусот. Единствениот диносаурус со слични особини на овој фосил бил Yiqi, кој е опишан во 2015 година.

- Advertisement -

Имено, Yiqi и Ambopteryx припаѓаат на мало семејство на диносауруси наречени скансориоптеридиди (scansoriopterygids). Кина е на прво место по откритијата за диносауруси, особено за фосили на пердувести изумрени животни, кои покажаа директна врска меѓу диносаурусите и птиците.

Сподели!
- Advertisement -