Ако сакате да заштедите, игнорирајте го својот паметен телефон кога пазарувате

- Advertisement -

Сите го правиме истото – додека се шетаме низ маркет со едната рака ја држиме корпата за шопинг, а со другата го држиме паметниот телефон. Но, дали сте свесни дека поради тоа губите пари?  Неодамна објавено истражување на Универзитетот Фарфилд предупредува дека треба да заборавиме на паметниот телефон кога пазаруваме. Имено, истражувачите утврдиле дека луѓето кои гледаат во екранот од својот паметен телефон во текот на купувањето често носат импулсивни одлуки и купуваат работи кои не планирале да ги купат.

Истражувачите анализирале податоци на 2.600 купувачи од САД и откриле дека купувачите кои ги користеле своите телефони за слушање музика, за разговор, за допишување или за прегледување на социјалните медиуми често купувале предмети кои не планирале да ги купат. Посебно е интересно дека во корпите за шопинг се нашле артикли кои ни помагаат да се чувствуваме подобро, а не се практични. Така, купувачите со паметни телефони во разцете купувале чоколада, грицки, играчки и електронски уреди.

- Advertisement -

Исражувачите предупредуваат дека купувачите често не се ни свесни за негативните последици од користењето паметни телефони, но не обрнуваат внимание на потенцијалната заштеда при купувањето на попуст. Меѓутоа, ако купувачите го користат своите телефони како асистенти во купувањето (проверуваат акции, споредуваат цени, бараат купони и попусти), многу се посвесни што купуваат и по која цена.

Користењето паметни телефони при пазарувањето е меч со две острици затоа што зависи од тоа како се користи телефонот. Продавачите можат да ги искористат овие навики за на купувачите да им понудат посебни попусти преку апликација за собирање купони. Но, дури и ако го користат својот телефон како асистент при купувањето, најголем дел од купувачите во одреден момент се префрлаат на вообичаеното користење, предупредуваат истражувачите.

- Advertisement -

Значи, што треба да направите? Ако сакате да заштедите и да контролирате што купувате, треба да го оставите телефонот во џеб или во чанта, а пзарувањето да го правите на класичен начин – со список напишан на хартија.

Сподели!
- Advertisement -