Џек Ма во разговор за кинеските медиуми откри која е една од тајните на успехот на неговата, но и на другите кинески компании – во првите денови од интернетот во Кина немало правила и закони кои би ги ограничувале, па биле прилично слободни во развојот на своите услуги и производи. Ако наидувале на некои проблеми, прво барале начин на кој можат да ги решат проблемите, па потоа размислувале за закони и регулации. Така, кинеската влада тогаш не знаеа премногу за интернетот, не знаеле што е самата мрежа, како изгледа ниту како да се регулира.
Таквата ситуација без ред и правила ја искористиле Ма и многу други снаодливи кинески интернет претприемачи, кои изградиле царства вредни милијарди долари. Шефот на Alibabа предупреди дека премногу правила и закони не се добри затоа што ја гушат иновативноста, при што мисли на ситуацијата на европскиот континент. Имено, уредбите како како GDPR. како и се што се случува врзано за директивата за авторски права претставуваат правила кои на компаниите само им ја отежнуваат работата и развојот на иновации.
Се што се прави во Европа е почитување на некакви правила и закони, и кога ќе дојде до некаква проблематилна ситуација, во Европа се носат нови правила и нови закони. Затоа Џек Ма изјави дека се плаши за иднината на Европа.
Неговиот коментар се однесува и на неодамна усвоените насоки кои се донесени во ЕУ во врска со развојот на вештачка интелигенција. Ма вели дека опасностите за кои се зборува кога е во прашање вештачката интелигенција се преувеличени и потестува дека Alibaba користи вештачка интелигенција за да фаќа крадци кои сакаат да украдат пари од бројните трансакции кои секојдневно се вршат преку платформата на неговата компанија. Тој смета и дека пристапот кон технологијата зависи од налинот на кој луѓето гледаат на неа. Ако се гледа како на проблем, тогаш виастинските проблеми допрва почнуваат, но ако се гледа како на револуција, тогаш гледате како на прилика.