Владата беше усвоена измената на начинот за остварување на правото за користење на мерката 115 „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“, што е дел од Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период од 2018-2022 година.
Како што појаснуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа мерка овозможува поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинства. Конкретно, преку неа МЗШВ ќе доделува до 180 илјади денари еднократна и наповратна финансиска поддршка за инвестиции што ќе придонесат за развој на руралните средини на женски член на земјоделско стопанство запишано во ЕРЗС.
Измените, додаваат во соопштението, се направени по извршените консултации со Министерството за труд и социјална политика и Националната федерација на фармери. Оваа мерка ќе придонесе кон родова еднаквост и кон промовирање на принципот на недискриминација.
Мерката ќе се реализира со измена на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година.
(Фото – Федерација на фармери на Македонија)