Не е тајна дека директорите на големите светски компании за својата работа добиваат огромни плати. Тука не зборуваме само за месечни износи кои им легнуваат на сметка туку за бројните дополнителни бонуси и додатоци кои ги примаат во зависност од успехот на компанијата.
Сепак, анализата која ја спроведе New York Times изнeнади многумина. Биле анализирани 200 најголеми компании кои се лиситрани на Њујоршката берза и бил составен список со најплатените директори. Според анализата, шефот на Teslа, Илон Маск, минатата година добил 2,3 милијарди долари на својата сметка. Колку била добра минатата година за Маск најдобро покажува податокот дека неговата заработка е еднаква на 65 најплатени директори од тој список.
Иако на хартија неговата заработка е 2,3 милијарди долари, најголем дел од нив отпаѓаат на акции на Teslа, кои на почетокот на 2019 година изгубија од вредноста. Исто така, треба да напоменеме дека од Teslа,Маск не добил ни еден долар. Според договорот кој го има со надзорниот одбор, Маск не добива ни плата ни бонуси ни додатоци, но добива акции кои може да ги продаде по ордредена цена и одредени услови. На пример, ако пазарната капитализација на Tesla достигне 100 милијарди долари.
Инаку, вкупното богатсво на Маск се проценува на 18,1 милијарди долари.