Светската здравствена организација го прогласи „прегорувањето од работа“ за вистинска болест

- Advertisement -

Здравствени експерти од целиот свет препорачуваа „прегорувањето од работа“ да биде признаено како вистинска болест. Со децении наназад експертите дебатираат како да се дефинира „прегорувањето“ и дали треба да се семта за болест.

Сега Светската здравствена организација по прв пат го стави „прегорувањето“ на својата листа Интернационална класификација на болести, која глобално се користи како водич при поставувањето дијагнози. Интернационалната организација донесе одлука „прегорувањето“ да го категоризира како медицинска состојба на своето неодамнешно собрание во Женева. После препораките од експерти од целиот свет, ажурираната листа со болести беше изготвена во 2018 година и беше одобрена пред неколку дена.

- Advertisement -

Светската здравствена организација го класифицира „прегорувањето“ како „синдром кој резултира од хроничен стрес на работа со кој лицето не може да се справи успешно“. Глобалната здравствена организација вели дека овој синдром се карактеризира со три димензии: 1) чувство на немање енергија и премореност 2)чувство на ментално дистанцирање од работата или негативност и цинизам 3) намалена професионална ефикасност

Според класификацијата на листата, „прегорувањето се однесува посебно на феноменот во професионална средина и не треба да се користи за опишување слични искуства во други области од животот“. Ажурираната листа на Светската здравствена организација ќе стапи на сила во јануари 2022 година.

Сподели!
- Advertisement -