Електричните автомобили во ЕУ ќе мора да прават бучава

- Advertisement -
Секој нов електричен автомобил во ЕУ со четири или повеќе тркала од 1 јули годинава ќе мора од безбедносни причини да има вграден акустичен систем за тревога (AVAS), кој ќе прави бучава од 56 до 75 децибели ако возилото се движи со брзина до 20 километри на час.
Како што пишуваат специјализираните весници за автомобили во ЕУ, пешаците за неколку недели откако ќе стапи на сила новиот закон ќе имаат мног помалку причини за да го тргаат погледот од своите телефони кога ќе се вклучуваат во сообраќајот. Новиот закон, кој беше донесен после критиките од јавноста поради нечујноста на електричните автомобили, затоа што претставуваат опасност за другите учесници во сообраќајот, предвидува дека само електричните автомобили, а не и моторциклите во иднина ќе имаат вграден AVAS систем, без посебни препораки за тоналитетот на самиот звук.,

Оваа законска регулатива веќе ка искористија некои производители на автомобили, па така на пример британски Jaguar своите нови електрични автомобили веќе ги опреми со системот AVAS, кој звучи слично како вселенски брод, додека германски BMW се одлучи за класичен звук на бензински мотор.

Предвидените 56 децибели не се голема бучава со оглед на тоа дека, на пример, камион со дизел мотор при поминување на пешачки премин произведува околу 85 децибели. Според споредбите кои ги направија некои весници за автомобили, 56 децибели е бучавата која ја прави еден клима уред или електрична четка за заби, така што печаците кои се двиѓат со слушалки на уши нема да можат да ги слушнат ни поновите електрични автомобили.

Сподели!
- Advertisement -