НАСА планира да им дозволи на туристите да ја посетат Меѓународната вселенска станица почнувајќи од 2020 година. Проценетата цена за едно патување ќе биде повеќе од 50 милиони долари. Досега лебдечката вселенска лабораторија беше пристапна само за астронаутите од државни вселенски агенции, додека американски астронаути живеат на вселенската станица уште од 2000 година.
Во неочекувана објава денес НАСА потврди дека ја отвора Меѓународната вселенска станица за комерцијален бизнис. Тоа значи дека приватни компании ќе можат да носат „приватни астронаути“ на станицата и да престојуваат таму до 30 дена.
„Агенцијата може да дозволи максимум две краткотрајни приватни мисии на астронаути. Тие мисии мора да бидат приватно финансирани“ објаснија од НАСА.
Приватните посетители не беа одобрени на вселенската станица, но НАСА има потреба од пари за да го финансира својот сон – испраќање на маж и жена на Месечината до 2024 година. Меѓународната вселенска станица има пет спални соби, две бањи и теретана, плус изобилство од лабораториски простории.
Транспортот до станицата ќе го вршат и Boeing и SpaceX на Илон Маск, кои развиваат капсули за транспорт на луѓето до станицата. Се очекува дека едно патување ќе чини 50 милиони долари по патник, но веројатно ќе се искачи над таа сума. НАСА типично плаќа по околу 75 милиони долари за седиште на вселенскиот број Soyuz, а во 2015 година има платено дури и 82 милиони долари по седиште.
Одржувањето во живот на астронаутите на Меѓународната вселенска станица е многу скапо. На пример, регенеративната поддрпа за живот и тоалетите дневно чинат 11.250 долари по човек. Храната и воздухот, пак, чинат 22.500 долари дневно по човек. НАСА ќе наплати по околу 35.000 долари по човек од ноќ за сите приватни посетители на Меѓународната вселенска станица.