Snap Jack е систем од маса и столови кои се сокриваат во ѕид

- Advertisement -

Snap Jack е лесно за користење решение кое штеди простор. Магнети ги држат сите делови од системот од маса и столови. Масата ја има во две величини, голема и мала. Направени се и склопени во Нов Зеланд, а крајниот финиш може да има боја на брезово дрво или некој принет креиран од локалнио уметник од Оукленд, FLOX, кој може да креира уметниќко дело кое ќе се гледа кога системот ќе биде скриен во ѕид.

Системот од маса и столови е дизајниран специфично да помогне подобро да се искористи просторот. Snap Jack е производ од светска класа сам по себе и е одлична алтернатива за да не мора да купувате поголеми станбени простори. Можете да го имате животниот стил кој ви одговара користејќи го просторот кој веќе го имате на располагање. Патентираниот систем е практично и уникатно решение за модерните проблеми со недостиг од простор,  проектот е несекојдневна комбинација на производство на мебел, механички инженеринг и уметност.

Сподели!
- Advertisement -