Овие суперсонични авиони ќе се печатат со 3Д принтер

- Advertisement -

Компанијата Hermeus, која претходно соработуваше со американската вселенска агенција НАСА и во Американските воздушни сили, сега ќе произведува делови за хиперсоничен авион со помош на принтерот Velo3D.

Hermeus набави големи принтери Sapphire и Sapphire XC од компанијата Velo3D, кои ќе се користат за печатење на авионите Chimera и Quarterhorse. Овие авиони ќе можат да летаат со брзина од 5 маха, а Hermeus планира да ги направи комерцијално достапни за летови и за аеродроми. Принтерите кои ги набавиле се дизајнирани за производство со голем волумен. Исто така, принтерите ќе се прилагодат и за користење за Inconela 718.

- Advertisement -

„Производството на адитиви за метал е клучната компонента од нашиот план за вертикална интеграција на производството. Ги истражуваме можностите на оваа технологија и бараме начини за зголемување на перформансите, консолидација на компонентите, намалување на тежината на нашите авиони и минимизирање на надворешната зависност“ изјавија од Hermeus.

Развојот на хиперсонични авиони има големи предизвици за авиоиндустријата. Директорот на компанијата Velo3D, Бени Булер, рече дека иако брзината, температурата и вибрациите кои ќе ги создава авионот Hermeus, ќе биде поинаков од стандардните авиони, а принтерите Sapphire и Sapphire XC нема да ги изневерат производителите.

- Advertisement -

Velo3D е компанија која се занимава со технологија за метално 3Д печатење. Нејзините решенија им се корисни на клиентите кои се занимаваат со истражување на вселената, авијација, собирање енергија, а ги користат за иновации во своите индустрии. Исто така, овие решенија овозможуваат слобода во дизајнирањето.

Што се однесува на компанијата Hermeus, основана е со цел драматично забрзување на патувањето. Оваа компанија развива авион кој може да достигне брзина од 5 маха, а притоа користи знаење стекнато од соработката со различни партнери. Благодарение на таквите суперсонични авиони, патниците ќе моѓат да го прелетаат Атлантикот за само 90 минути со брзина од 5 маха, а тоа е двапати побрзо во споредба со „конкорд“.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Hermeus)

Сподели!
- Advertisement -