Финска почна да произведува облека направена од обновливо дрво

- Advertisement -

Студенти на Универзитетот Алто во Финска покажаа дека рециклираното дрво може да биде извор на текстилни влакна. Студентите направија фустан од дрво од бреза со помош на Innocell технологија, која овозможува претворање на старата облека, старите весници и во oвој случај дрвото во текстил.

Првата дама на Финска, Џени Хаукиоел, го носеше фустанот направен од брезово дрво. Таа беше во центарот на вниманието на сите медиуми и ја покажа својата поддршка за оваа алтернатива. Финска е една од најеколошките земји во светот каде што луѓето се грижат за природата и ја чуваат. Всушност, шумите покриваат 70% од површината на земјата. Тие се извор на работа и овозможуваат да се ограничи растот на некои дрвја за да се овозможи растот на други. Тие што ќе се отстранат потоа може да се користат за правење текстил.

- Advertisement -

Текстилната индустрија и нанесува огромна штета на животната средина. Според Обединетите нации, 20% од загадената вода на планетата доаѓа од текстиланта индустрија и е вториот најголем загадувач на водата после нафтената индустрија. Од друга страна, за распаѓање на произведените влакна полиестер потребни се повеќе од 200 години.

Многу земји се имаат приклучено на иницијативата за користење биолошки поприфатливи алтернативи на текстилот за намалување на штетата врз околината. Исто така, многу земји се приклучија на кампањата Detox предводена од Greenpeace, во рамките на која осум години се врши притисок врз модната индустрија да прекине да ги користи супстанциите штетни за планетата Земја.

- Advertisement -

До 2020 година научниците и инженерите на Универзитетот Алто планираат да ја пласираат на пазарот нивната линија облека од брезово дрво.

Сподели!
- Advertisement -