Со микроградината PICO можете да одгледувате растенија дури и во автомобилот

- Advertisement -

Одгледувањето растенија дома ги нуди истите бенефити како и градината во двор. Имено, и во двата случаи добивате свежа храна и не ја загадувате околината, Но, во денешно време, кога има недостиг од урбан простор за живеење, не секој има место каде да засади градина.

Иако има многу системи и техники кои можете да ги примените во домот, PICO е најразновидната опција затоа што можете да го поставите каде било и сепак растенијата да растат најнормално.

- Advertisement -

Повеќето растенија имаат потреба од сончева светлина, па затоа мора да бидат поставени покрај прозорец. Честопати тоа значи да го пренамените просторот во домот. Но, PICO е поинаков затоа што можете да го поставите и на вертикални површини. Всушност, системот доаѓа во пакет со магнетен држач, кој може да се користи на фрижидер или на маса, како и стандарден држач за на ѕид и опција за поставување на прозорец, огледало итн.

Системот го добивате целосно склопен и се што треба да направите е да му додаде почва и семиња. Провидниот прозорец на предниот дел ви овозможува да видите кога треба да ги полеете со вода, што вообичаено е еднаш неделно. PICO е опремен со светло кое го поттикнува растењето, па затоа можете буквално да го поставите каде сакате, па дури и во автомобил.

- Advertisement -

За PICO моментално има кампања на Kickstarter, која завршува на 17 мај. Првите испораки се очекуваат веднаш по завршувањето на кампањата.

https://www.kickstarter.com/projects/hrbstn/pico-a-farm-in-your-palm-growing-is-fun-again
Сподели!
- Advertisement -