- Advertisement -
Вредноста на гигантот за електронска трговија Amazon, проценета е на 315,5 милијарди долари на листата BrandZ Top 100 највредни глобални брендови која е составена од агенцијата за истражување “Kantar”, и го зазема првото место на листата.
Агенцијата, скокот на Amazon на листата го препишала на нејзиното диверзифицирано портфолио на услуги и додала дека покажува колку брендовите сега помалку се поврзани со одредени категории и региони.
- Advertisement -
Подигнувањето на Amazon значи дека ги потиснал колегите од Apple и Google, кои наизменично поминаа вкупно 12 години на врвот на таа листа. Брендот Apple е проценет на 309,5 милијарди долари, а Google на 309 милијарди долари.
Microsoft е четврти, додека Visa е на петто место, а во првите десет се рангирани Facebook, Alibaba, Tencent, McDonald’s и AT&T.
- Advertisement -