Amazon ја доби титулата највреден бренд во светот. Во изминатите пет години компанијата основана од најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, ја зголеми својата вредност за речиси пет пати на 315,5 милијарди долари покажа најновото разнгирање на топ 100 највредни брендови во светот – BrandZ Top 100 Most Valuable Global Brands.
Ова рангирање го прави секоја година компанијата за адвертајзинг WPP и компанијата за истражување на пазарот Kantar. анализата BrandZ вклучува финансиски податоци и прави истражување меѓу консументите за да дојде до крајните резултати.
Amazon стана „продавница за се“: продавница за овошје, зеленчук и други прехранбени производи, здравство, доставувач на храна, а со Alexa уредите нуди и препознавање на говор. Тоа значи дека ова име се протега во повеќе категории.
Годинава меѓу првите 100 највредни брендови во светот има 15 кинески компании, што е само една повеќе од 2005 година, кога почнала да се прави оваа анализа. Тоа е доказ за моќта на кинескиот пазар од 1,4 милијарди луѓе и порастот на средната класа, но и за успехот на локалните играчи во битката со коспорации надвор од Кина.
Вториот највреден бренд во светот е Apple, со вредност од 309,5 милијарди долари. На трето место се најде Google со малку помала вредност од 309 милијарди долари. Четвртата позиција ја зазеде Microsoft со вредност од 251,2 милијарди долари, а петтата Visa со 177,9 милијарди долари.
Втората петорка ја сочинуваат: Facebook (159), Alibaba (131,2), Tencent (130,9), McDonald’s (130,4) и AT&T (108,4). Втората десетка на листата ја сочинуваат: Verizon, Mastercard, IBM, Coca-Cola, Marlboro, SAP, Disney, UPS, The Home Depot, Xfinity.