Има ли поврзаност меѓу видеоигрите и сајбер криминалот?

- Advertisement -

Британската полиција планира да издаде онлајн предупредувања за младите играчи на видеоигри со цел да ги заштити од сајбер криминалот. Полицијата планира да инвестира повеќе милиони евра во тоа откако идентификувале врска меѓу тинејџерите гејмери и сајбер криминалот и предупредуваат дека 82% од младите луѓе регрутирани од онлајн криминалците своите сајбер вештини ги развиваат преку играње видеоигри. Питер Гудман,  главен офицер во полициската станица Дербишир и лидер на борбата против сајбер криминалот во Националниот совет на полициски шефови вели дека многумина од регрутираните сајбер криминалци биле аутистични.

Во изјава која ќе налути многу гејмери Гудман тврди дека многу од гејмерите не се снаоѓаат добро во реалниот свет и добиваат самодоверба со играњето онлајн игри. Децата честопати мамат онлајн, што отвора лош пат за нив.

- Advertisement -

„Многу е лесно да се направи следниот чекор и да се испрати злонамерен софтвер до училиштето каде што учат затоа што не им се допаѓа како се однесуваат учениците со нив или да испратат таков софтвер до локалната плициска станица затоа шпо нивните родители не ја купиле куќата што ја сакале“ додава Гудман.

Тој вели дека полицијата преземе мерки за таквите деца да ги открие додека се уште мали и да ги врати на правиот пат.

- Advertisement -

„Ако појдете на некои страници како гејмер и гледате можности за мамење онлајн и ако сте на одредена возраст, ќе добиете порака од Националната агенција за криминал која ве прашува дали знаете дека тоа што го правите е нелегално? Тоа е прекршување на Законот за злоупотреба на компјутери“ објаснува тој.

Гејмерите редовно се причина за загриженост кај групите против сајбер криминал. Во 2016 година Националната агенција за криминал се здружи со непрофитната организација за сертификација за тестирање  безбедност CREST и заедно направија извештај во кој се посочува дека има поврзаност меѓу играњето видеоигри и сериозниот сајбер криминал. Извештајот наречен „Идентификувај, интервенирај, инспирирај“ („Identify, Intervene, Inspire) наведуваше и пример за кариера во сајбер криминалот која почнува со играње видеоигри на компјутер, играње онлајн видеоигри пред да се премине на мамење, модифицирање на компјутерски игри и учество на форуми за хакирање. Младите луѓе потоа преминуваат на наредната фаза „да го победат системот“ пред да навлезат во криминалот за финансиска добивка и на крајот, сериозниот сајбер криминал.

- Advertisement -

Единицата за сајбер криминал на Националната агенција за криминал испрати писма или имејлови во младите луѓе кои ги регистрирале своите податоци на страбници кои поттикнуваат на илегални активности, се вели во извештајот. Понекогаш дури полицијата ги посетувала нивните домови.

Пред извесен период таа агенција создаде посебна единица за сајбер криминал во секоја полицикс асила во Англија и во Велс и им одобри пристап до 7 милиони фунти финансии. Регионалните единици за ирганизиран криминал во Обединетото Кралство ќе ја координираа работата со новите локални единици. Претходно само 31% од полициските сили имале посетени тимови на борба против сајбер криминалот.

 

Општествено одговорните компании, како Кабтел, постојано организираат предавања на тема “Заштита на децата од опасностите на интернет” и промовираат здрави навики кај децата.

Кабтел даде поддршка на првиот тениски турнир  CHERRY CUP SKOPJE ,еден сосема необичен и несекојдневен tennis 10s и 12&U интернационален  турнир. Единствена приказна за тенисот, спортот, љубовта, посветеноста, истрајноста и борбата да на децата им ја задржиме насмевката на лицето во секој момент, да им овозможиме да играат, учат, да се натпреваруваат и напредуваат.

 

 

 

Сподели!
- Advertisement -