Eдна третина од Европејците немаат основни дигитални вештини

- Advertisement -

Околу 11 проценти од граѓаните на Европската унија никогаш не биле на интернет, додека 83 проценти од Европејците сурфаат на интернет најмалку еднаш неделно, според Индексот за дигитална економија кој е објавен од Европската комисија.

Како што се наведува во соопштението на ЕК, процентот на Европејци кои никогаш не биле онлајн бил 18 проценти во 2014 година, додека 75 проценти користеле интернет најмалку еднаш неделно.

- Advertisement -

Еден од главните наоди на студијата е дека деловната сфера сè повеќе се дигитализира, но интернет бизнисот полека се развива. Најдобри земји во оваа област во ЕУ се Холандија, Белгија и Данска, додека Унгарија, Романија, Бугарија и Полска заостануваат.

Процентот на мали и средни претпријатија во ЕУ кои ги продаваат своите стоки и услуги преку интернет стагнира и изнесува 17 проценти, според Индексот за дигитална економија и општество.

- Advertisement -

Како што се наведува, се повеќе компании користат ,,облак” услуги (18 проценти) и социјални медиуми (21 процент) за да комуницираат со клиентите и другите заинтересирани страни.

Meѓутоа, повеќе од третина работоспособни Европејците немаат основни дигитални вештини, дури и ако им се потребни за работа, а само 31 проценти имаат понапредни вештини за користење на интернет.

- Advertisement -

Истовремено, расте побарувачката за вработени кои имаат напредни компјутерски вештини. Во последните пет години во ЕУ работа пронашле повеќе од два милиони експерти од областа на информатичките и комуникациските технологии.

Годишниот индекс за дигитална економија и општество го мери напредокот на членките на ЕУ кон дигитализација, најмногу врз основа на статистички податоци кои ги собрал Eurostat.

Сподели!
- Advertisement -