Оваа фабрика во Индија прави обувки од пластични шишиња

- Advertisement -

Предвидувањата велат дека до 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби. Сепак, некои од најголемите брендови за спортска опрема како што се Adidas и Nike се обидуваат да го претворат пластичниот отпад во суровина за правеење облека и обувки.

Во оваа фабрика во Индија 2 милиони пластични шишиња секој ден се претвораат во конец. Тој конец од полиестер потоа може да се користи за секаква примена. Фабриката не само што го произведува конецот на производители на спортска опрема, туку и за производители на облека, на текстил за домот итн.

- Advertisement -

Adidas е еден од брендовите кои почнаа да користат рециклирани материјали како суровина. Како што пишува BBC, компанијата даде ветување дека до 2024 година ќе користи само рециклиран конец за плетење.

„Младите денес и општо, консументите се повеќе информирани за овој проблем. Тие сакаат да користат брендови преку кои можат да дадат свој придонес во зачувување на средината. Не се работи само за маркетинг. Маркетингот е дел од тоа, затоа што нормално дека сакаме да ја стекнеме лојалноста на купувачите, но сакаме и да ги инспирираме тие самите да направат ппозитивна промена во нивните животи“ велат од Adidas.

- Advertisement -

Adidas во 32018 година произведе 5 милиони пара обувки направени од рециклирана пластика. Во Индија, пак, секој ден се создаваат 26.000 тони пластичен отпад. Експертите велат дека многу повеќе брендови треба да почнат да користат рециклирани производи за да се реши проблемот со пластичниот отпад во светот.

Сподели!
- Advertisement -