Поради климатските промени, шампањското ќе го изгуби препознатливиот вкус

- Advertisement -

Ако планирате за следаната голема прослава да отворите шише шампањско, можеби нема се да оди како што сте планирале. Сезонските промени, кои во изминатите години стануваат се поекстремни, ги погодија и винските региони за поризводство на грозје во целиот свет, па и во Франција. Грозјето за шампањско сака поладна клима и посува почва за да го даде тој остар овошен вкус по кој е препознатливо шампањското. Но, климатските промени придонесуваат тие два фактори да не се постојани, па производителите на шампањско од Франција се загрижени за иднината, пренесува Inhabitat.

Во интервју за Bloomberg, Антоан Малазањ, косопственик на производителот на шампањско A.R. Lenoble, објасни кои се тешкотиите со кои се соочуваат сега. „Бербата е две недели порано отколку пред 20 години. Порано беше на средината на септември, а сега почнува во август. Но, брзото зреење во топлите денови и ноќе резултира со помала киселост на грозјето, а тоа значи помалку освежително вино“ објаснува тој.

- Advertisement -

A.R. Lenoble се бори со промените на вкусот на шампањското така што меша старо вино од други лозови насади. Некои компании почнаа да експериментираат со ДНК анализи на квасецните габи и на биодинамичните витикултури за да ги санираат последиците од климатските промени и да ја одржат репутацијата на шампањското.

И покрај потенцијалните предизвици со кои се соочуваат производителите на шампањско, голем дел од нив се оптимистични. Велат, ние го измисливме шампањското за на некој начин да го искористиме недозреаното грозје. Како земјоделци, нашата работа, нашиот живот, напата страст е да се адаптираме на климатските промени со стотици години. Ако во иднина Земјата ќе сане потопла, ќе мора да правиме „бургунди“.

Сподели!
- Advertisement -