Илон Маск ќе испрати човечка пепел во орбитата

- Advertisement -

Компанијата SpaceX на иноваторот Илон Маск се подготвува за лансирање на третата ракета Falcon Heavy, а дел од товарот ќе биде и човечка пепел. SpaceX денес ќе ја лансира ракетата Falcon Heavy со 24 сателити, но со кремирани човечки остатоци. Поточно станува збор за пепелта на 152 кремирани луѓе кои во вселената ги испраѓа компанијата Celestis Memorial Spaceflights.

Оваа компанија го откупи достапниот простор на летот и го исполни со метални капсули полни со човечка пепел. За да ги испратат посмртните остатоци на своите сакани во вселената секое семејство платило 5.000 долари по грам пепел.

- Advertisement -

Капсулите ќе бидат на едниот од сателитите и ќе останат во орбитата додека работи сателитот. Секоја капсула содржи натпис како тие што ги има на надгробните плочи. Ракетата Falcon Heavy не е првата која во вселената носи човечки остатоци. Од 1994 година досега тоа е направено 15 пати – осум пати со суборбитални летови, шест пати во тектот на летови во орбитата и еднаш на Месечината.

Сподели!
- Advertisement -