Шефот на Amazon и воедно најбогатиот човек во светот, Џеф Безос неодамна го претстави лендерот Blue Moon, кој мпже да се користи повеќе пати и ќе ги превезува астронаутите од Месечината до Земјјата и обратно. Освен тоа, големиот лендер ќе може да превезува роботи, ровери, градежни машини и луѓе.
Безос ја претстави и својата визија за човечка колонизација на Сончевиот систем, која се базира на идејата на неговиот професор од Универзитетот Принстон, физичарот Џерард О’Нил, кој во седумдесеттите години на минатиот век напрацвил концепт на големи цилиндрични вселенски станици..
Слично како концептот на O’Нил, концептот на Безос се состои од станици долги повеќе километри кои би се вртеле и би создавале вештачка гравитација, а во нив ќе може да се наоѓаат цели градови, земјоделски површини, па дури и национални паркови.
Оваа идеја неодамна можевме да ја видиме и во филмот „Elysium“, а како би фунцкионирале и како би изгледале тие станици можете да видите од видеото во прилог. Безос смета дека колонизацијата на Сончевиот систем и експанзијата на милијарди луѓе во вселената ќе оди подобро во таа насока отколку да се колонизира Месечината и потенцијално населливи планети затоа што тие вселенски тела се помали од Земјата и имаат многу помала гравитација. Тој проблем не би се решил ни со тераформирање затоа што човечката физиологија не е прилагодена за услови на ниска гравитација.
Токму затоа цилиндричните станици со гравитација која е иста како на Земјата, според Безос, се многу подобро решение. Секако, Безос е свесен дека изградбата на таквите вселенски градови уште долго време нема да биде возможна од технолошка гледна точка, но верува дека тоа е најдобриот пат по кој треба да се стреми човештвото ако сака да стане „вселенска нација“.