Amazon ќе креира “глобален“ Интернет!

- Advertisement -

Amazon побара дозвола од Федералната комисија за комуникација (FCC) на САД  да лансира 3.236 сателити во орбитата како дел од проектот наречен Project Kuiper. Како што велат најавите, целта на овој проект е да обезбеди интернет во „подзаборавените“ краеви од светот.

Плановите на Amazon за Project Kuiper беа најавени уште во април, но тогаш претставниците на компанијата не објавија детали за операцијата.

- Advertisement -

„Project Kuiper е нова иницијатива за лансирање на констелација од сателити што ќе летаат близу до Земјата, а ќе обезбедат мрежа со голема брзина во помалку опремените и заборавени заедници низ светот“, објави претставник на компанијата во април.

Во моментов Amazon бара компании кои би можеле да ги достават сателитите во вселената, а како еден од најсериозните кандидати се споменува Blue Origin, која беше формирана од Џеф Безос – основачот и сопственик на Amazon.

- Advertisement -

Како што беше споменато и погоре, Amazon не е единствената компанија која работи на лансирање на сателити во вселената со цел формирање на глобална интернет мрежа. Откако во 2016 година пристапот до интернет беше прогласен за основно човеково право од страна на Обединетите Нации, неколку компании почнаа да работат на слични проекти кои би требало да ја зајакнат интернет мрежата ширум светот.

Во мај оваа година, SpaceX ги лансираше првите 60 сателити од проектот Starlink, чии планови опфаќаат лансирање на вкупно околу 12.000 сателити во Земјината орбита.

Сподели!
- Advertisement -