Кина гради градови-сунѓери кои ќе имаат улога да штита од поплави. Бидејќи крајбрежните делови од земјата се под закана од драстично покачување на нивото на морињата и океаните, во градовите-сунѓери ќе има градини, мочуришта и поплочувањето на тротоарите ќе се прави со пропустливи плочки кои ќе го апсобираат вишокот дождовна вода.
Таа вода потоа ќе се складира во подземни резервоари и тунели се додека не се повлечат поплавите, а потоа ќе биде испуштена во реките. Повеќе од 98% од најголемите градови во Кина редовно се соочуваат со поплави, кои го загрозуваат здравјето на жителите, санитарните услови и безбедноста на водата за пиење.
Досега 30 региони од земјата потпишаа договори за претворање во градови-сунѓери, а се очекува во иднина уште 600 да го направат истото. На тој начин 80% од земјиштето во Кина ќе може да задржи 70% од дождовната вода.
До 2050 година се очекува стотици градови во светот да се соочат со покачување на нивото на морето за 50 см и да се доведе во опасност животот на 800 милиони луѓе како што се влошуваат ефектите на глобалното затоплување, па иновативните стратегии како оваа се од витално значење.
China is creating ‘sponge’ cities to protect against flooding
More than 98% of China’s largest cities regularly flood. 📕 Read more: https://wef.ch/2ZSszCP
Posted by Video – World Economic Forum on Петок, 28 јуни 2019