Кинеското вештачко Сонце ќе почне да свети идната година

- Advertisement -

Кина ќе почне со работа на своето вештачко Сонце, односно уредо за нуклеарна физија кој произведува енергија со повторување на реакциите кои се одвиваат во центарот на Сонцето. Ако проектот биде успешен, уредот ќе може да ја постигне крајната цел – да стане извор на неограничена, евтина и чиста енергија.

Уредот се вика HL-2M Tokamak, а е дел од националниот експериментален проект кој трае од 2006 година. Во март годинава беше објавено дека вештачкото Сонце ќе биде готово до крајот на годината.

- Advertisement -

Кина сега најави дека Сонцето ќе почне да работи во 2020 година, а се очекува да постигне температура од над 200 милиони степени Целзиусови. Тоа е 13 пати повеќе отколку што е центарот на нашето вистинско Сонце.

Нуклеарната фузика е реакција која ја поттикнува Сонцето. Тоа вклучува спојување на две полесни атомски јадра за да се создаде потешко јадро, а при реакцијата се ослободува огромна количина енергија.

Сподели!
- Advertisement -