Европа воведува нови правила за онлајн трговија

- Advertisement -

Од јануари следната година ќе стапат во сила нови правила за онлајн трговија кои ги воспоставува Европската Комисија(ЕК).

Целта е меѓународните власти да можат подобро да ги заштитат купувачите кои купуваат преку интернет.

- Advertisement -

Со правилата треба да се добие подобар пристап до онлајн пазарот, односно до сите производи кои бизнисите со е-трговија ги нудат во ЕУ, како и да се елиминираат непотребните бариери меѓу земјите и неоснованите барања што ги наметнуваат некои компании.

Законите ќе онезможат пристап на веб страни и социјални медиуми кои направиле измама на потрошувачи. Друга новина е и тоа што ќе може да се побара и информација од интернет провајдери и од банки со цел да се открие идентитетот на трговците кои се служат со измами.

- Advertisement -

(instore.mk)

Сподели!
- Advertisement -