Паметна пушка која никогаш не пука во глава

- Advertisement -

Пушките за сузбивање немири со гумени куршуми кои ги користат полицајците ширум светот се покажаа смртоносни во некои случаи кога проектилите кои ги испукуваат ќе погодат некого во глава.

Белгиската компанија Fabrique Nationale de Herstal (FN Herstal) овој месец на саемот MILIPOL Paris 2023 ја претставија својата нова пушка FN Smart ProtectoR 303T, која треба драстично да го намали ризикот од сериозни потенцијално неповратни повреди настанати со гумени куршуми.

- Advertisement -

Пушката доаѓа со електрооптичко решение, односно насочувач составен од вградена камера и AI софтвер за обработка на фотографии кои ги препознаваат човечките глави во реално време и даваат звучни и визуелни предупредувања. Освен тоа, содржат и автоматизиран механизам за блокирање на прекинувачот.

Доколку полицајците ја вперат пушката во некој друг дел од телото, пушката ќе испали куршум које дизајниран да се распрсне, односно не пенетрира во телото. Покрај тоа, видеото од камерата може да се користи во судски постапки како доказ за оправдана или прекумерна употреба на сила.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -