Холандска компанија има иновативно решение за отпадот од храна

- Advertisement -

Оваа холандска компанија има навистина иновативно решение за проблемот со отпадто до храна кој се создава на глобално ниво. Компанијата Protix ги собира остатоците од храна на локално ниво и ги користи како храна за инсекти. Инсектите потоа се користат како храна за  кокошки и риби, а се произведува и алтернативен протеин за храна за животни.

Со овој процес се креира евтин и еколошки извор на протеини од храна која секако ќе завршела во контејнер, а оттаму на депонија и ќе придонела за уште поголемо загадување со штетни гасови како метанот. На фармата се одгледуваат ларви од муви во средина каде што целосно се контролира животниот циклус на инсектите – од јајца до ларва, па кожурец и мува. На крајот протеинот од мувите се претвора во хранлива паста.

- Advertisement -

На глобално ниво се фрла една третина од храната којашто се произведува. Тоа значи дека годишно се фрлаат 1,3 милијарди тони храна, при што богатите земји фрлаат многу повеќе отколку земјите во развој. Затоа очајно ни се потребни решенија како ова

This Dutch company has an innovative solution to food waste

Fly-based lunches made from local leftovers.📕 Read more: https://wef.ch/2K4fgJs

Posted by World Economic Forum on Среда, 24 јули 2019

Сподели!
- Advertisement -