Сите сакаме нешто ладно на лето, но би го пробале ли овој луксузен сладолед од инсекти?

- Advertisement -

По долг топол ден на сонце, сладоледот е примамлив десерт кој ќе ве разлади. Но, дали навистина би уживале во него ако знаете дека е направен од „млеко од инсекти“? Стартапот Gourmet Grubb од Кејптаун, Јужноафриканска Република, се надева дека преку сладоледот направен од инсекти ќе успее да го навикне светот на јадењето инсекти.

За нивниот луксузен сладолед тие користат EntoMilk, млечна алтернатива за обичното млеко направена од ларви од тропските инсекти познати како црни муви војници. Обединетите нации предвидуваат дека светот мора да го дуплира производството на храна за да може да ја прехрани популацијата до 2050 година и долго време го промовира одгледувањето инсекти како одржлив алтернативен извор на протеини наместо традиционалниот добиток.

- Advertisement -

Сите сакаме салдолед, па токму затоа и африканскиот стартап се одлучил да почне со производ кој ќе ги намами луѓето да го пробаат. „Сакаме да го смениме начинот на кој луѓето гледаат на инсектите, начинот на кој тие се користат во индустријата за храна“ велат од Gourmet Grubb.

Иако се проценува дека на глобално ниво луѓето консумираат околу 1.900 видови инсекти, инсектите се уште не се дел од културата во западниот свет. Млекото од инсекти се прави со додавање природни состојки како суров мед, какао, зачини и органски путер од кикиритки. Стартапот нуди сладолед од инсекти со различни вкусови, меѓу кои: чоколадо, путер од кикиритки и божиќни зачини. Според нив, EntoMilk на сладоледот му дава богат кремаст вкус.

- Advertisement -

Но, не станува збор само за вкусот затоа што сладоледот од инсекти е богат со хранливи состојки и содржи пет пати повеќе протеини од млечната варијанта. Според Обединетите нации, инсектите содржат исто толку хранливи состојки колку месото и рибата. Тие содржат многу протеини, масти и минерали. EntoMilk не содржи лактоза и глутен и за разлика од обичното млеко, не содржи јаглехидрати ниту шеќери.

Сподели!
- Advertisement -