Пуштена во употреба фотоволтаичната централа “Таб Мак“ во Пробиштип

- Advertisement -

ОФИЦИЈАЛНО ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА ФОТОВОЛТАИЧНАТА ЦЕНТРАЛА

Со инвестиција од 6 МИО ЕУР, групацијата “ТАБ“ Словенија ќе произведува електрична енергија од 13.256 MWh/годишно односно околу 25% од потребите на претпријатието “ТАБ МАК“

- Advertisement -

Пробиштип, 15.09.2023 година – Денес, во рамки на фабричкиот комплекс “ТАБ МАК“ во Пробиштип, беше одбележан почетокот со работа на фотоволтаичната централа “ТАБ МАК“. На настанот беа присутни г-ѓа Христина Оџаклиеска, Заменик Министер за Животна Средина во Владата на Република Северна Македонија, г-дин Драган Анастасов, Градоначалник на Општина Пробиштип и Н.Е. Грегор Прескер, Амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија, г-дин Роман Бурија, Извршен Директор на “ТАБ“ Словенија, како и претставници на менаџментот и вработени во “ТАБ МАК“.

Фотоволтаичната соларна централа со моќност од 8,6 MW е изградена на земјиште од 10 хектари. Содржи 15.288 бифацијални фотоволтаични панели од монокристален тип, кои се поврзани во серија на стринг инвертери, кои понатаму се поврзани со две трансформаторски станици со моќност од 4.500 k VA, приклучени на сопствената, претходно постоечка  трансформаторска станица со моќност од 10/35 kV.

- Advertisement -

Со оваа стратешка инвестиција, се обезбедуваат во просек околу 25% од потребите за електрична енергија на претпријатието “ТАБ МАК“. На годишно ниво, планираното производство на електрична енергија изнесува 13.256 MWh.

“Во време на општа енергетска криза, имајќи ја предвид непредвидливата ситуација со снабдувањето на енергија во изминатиот период, а сѐ со цел продолжување на производство со акумулаторски батерии по конкурентни цени, донесовме стратешка одлука за инвестиција во делумно само-снабдување со електрична енергија во “ТАБ МАК“ во Пробиштип. Целокупната инвестиција е планирана во три фази, од кои првата, завршена во февруари оваа година ја опфаќа фотоволтаичната централа која денес официјално ја пуштивме во употреба. Со овој чекор, уделот на електрична енергија од обновливи ресурси во групацијата “ТАБ“ се зголемува на вкупно 25%, што претставува голем чекор во правец на зголемување на одржливоста на природата и иднината.“ – изјави г-дин Роман Бурија, Извршен Директор на “ТАБ“ Словенија.

- Advertisement -

По реализација на првата фаза, како втора фаза од инвестицијата предвидена е изградба на фотоволтаична електрана со капацитет од 3,2 MW на покривите на постојните објекти во “ТАБ МАК“, додека пак во третата фаза, би требало да се изгради поголем индустриски објект за складирање електрична енергија.

Сподели!
- Advertisement -