Температурите на глобално ниво растат со алармантно темпо, па станува се потешко да се спасиме од постојаното потење во текот на летото. Сега технолошкиот гигант Sony претстави футуристичко решение за проблемот со разладувањето – личен клима-уред кој е толку мал што го собира во џеб од кошула.
Sony го нарече личниот клима-уред Reon Pocket, а се носи веднаш под вратот во џеб на посебна маица. Кога ќе биде поставен во џебот, можете да го контролирате преку апликација за смартфон. Според Sony, Reon Pocket може да ја намали површинската телесна температура на луѓето за 13 степени Целизусови. Но, може и да го загрее телото за околу 8 степени Целзиусови доколку сакате да го користите во ладните зимски месеци.
Sony моментално прима предначарки за овој преносен гаџет на својата платформа за групно финансирање First Flight. Еден мини клима-уред можете да добиете со донација од најмалку 117 долари. Се очекува првите уреди да бидат доставени во март 2020 година.