„Амазон“ доаѓа на Балканот?

- Advertisement -

Извесно е дека „Амазон“, најголемиот светски онлајн трговец, во потполност ќе биде достапен во Хрватска, пишува српски „Блиц“.

Според весникот, „Амазон“ планира со „Хрватска пошта“ да оствари ексклузивна соработка за достава во цела Хрватска, а потенцијално и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

- Advertisement -

Овие информации се неофицијални, но во јавноста се прошири вест дека претставници на „Амазон“ ја посетиле Хрватска и го виделе новиот логистички центар во Велика Горица, пренесува „Блиц“.

Од „Хрватска пошта“ изјавија дека во моментов не можат да ја потврдат информацијата.

- Advertisement -

Имаме доста понуди за соработка со големи светски компании, односно за преземање на улогата на регионален лидер во нашата дејност. Извесно е дека колегите од регионот во следниот период ќе го посетат нашиот логистички центар, бидејќи е единствен во овој дел на Европа, велат од „Хрватска пошта“.

Покрај машините за автоматско сортирање  писма, наскоро ќе проработат и новите машини за сортирање пакети, кои имаат капацитет да „стокмат“ 15.000 пакети за еден час.

- Advertisement -

Сега, доколку прават порачка од „Амазон“, граѓаните на Хрватска мораат да платат дополнителни поштенски услуги во Германија, од каде пакетот го продолжува патот до Хрватска.

(InStore.mk)

Сподели!
- Advertisement -