Во Србија отворена првата банка за семиња и гени

- Advertisement -

Во селото Паштриќ во Србија беше отворена првата банка аза семиња и гени „Zrno“, која има за цел актив но одгледување на старите сорти овошје, зеленчук и житарки. Банката за семиња се наоѓа во регион кој е богат со старти стебла на овошје, особено јаболката, крушите и сливите, а ја основал локалниот еколошки проект “Okvir života” со финансиска поддршка од организацијата ORCA од Белград и од Националната коалиција за децентрализација на Ниш.

Планот е вакви банки за семиња да се отворат во секој регион од Србија, што истовремено ќе обезбеди зачувување на локалниот биодиверзитет, туку и поголема заработа за земјоделците затоа што таквите производи можат да се продадат по многу повизока цена поради својата специфична арома.

- Advertisement -

Оваа банка се разликува од другите банки по тоа што не е насочена само на собирање ис кладирање семе. Експертите во оваа станова ги ги конзервираат, ревитализираат и ги чуваат локалните видови овошје, зеленчук и житарки. Матријалот со кој располагаат во моментот е достапен за сите земјоделци во тој крај, особено за тие кои се определлиле за органско земјоделство. Размената е бесплатна и секој клиент е обврзан а врати мал дел од семето, а остатокот може да го заджи.

Моментално се фокусираат на градините и ги попишуваат старите сорти, а постои и интерес за вакви банки по другите региони. Старите сорти обезбедуваат разновидност, ја имаат предноста да се поотпорни и за нивното одрување на се потребни „инфузии“ во вид на некои пестидици, а помали се и инвестициите за жубрење и за наводнување.

- Advertisement -

Целта е да се намножи материјалот со кој располага банката, а бидејќи секоја земјоделска култура има свои специфичности за собирањто, складирањето и сеењето, на земјоделците им се овозможува да се поврзат и да разменуваат знаење. Стручната поддршка е неопходна затоа што земјоделците понекогаш можат погрешно да проценат дали да одгледуваат некоја врста.

Нов тренд во туризмот се малите неистражени средини и домашните специјалитети. Токму затоа сите земјоделци кои одгледуваат стари сорти би требало да се јават на адресата okvirzivota@gmail.com и да се приклучат на иницијативата.

Сподели!
- Advertisement -