Хрват направи уред со кој луѓето кои пелтечат ќе можат полесно да разговараат по телефон

- Advertisement -

Се проценува дека во светот има повеќе од 70 милиони луѓе кои пелтечат. Иако точната причина уште не е позната, најголем дел од научниците денес пелтечењето го сметаат за невролошка состојба која го попречува создавањето говор. Секојдневните ситуации во кои мора да се зборува за луѓето кои пелтечат се извор на стрес и напнатност, доведуваат до избегнување на социјалната интеракција, а неретко може да предизвикаат и анксиозност и депресија.

Младиот хрватски иноватор Дамир Скоко, по професија нафтен инженер, поради сопствените потреби препознал дека на луѓето кои пелтечат разговорите по телефон и се една од најтешките говорни ситуации. Затоа пред две години дошол на идеја да го развие електронскиот уред Stuey, кој на луѓето кои пелтечат ќе им ја олесни телефонската комуникација.

- Advertisement -

„Уредот како продолжеток на комплетот за handsfree телефонирање се приклучува на мобилниот телефон и со иновативна метода овозможува луѓетои кои пелтечат да се јават на телефон. Уредот го нареков Stuey според англискиот збор за пелтечење, а постапката на патентирање и заштита на интелектуалната сопственост е во тек, па за тоа време не можа подетално да зборувам за конкретните технички карактеристики на уредот. Не станува збор за високотехнолошко решение за модицирање на говорот како што мислат многумина. Решението, всушност, е многу едноставно,а произлегува од доброто познавање на проблематиката со пелтечење. Веќе постојните технологии само се искористени на иновативен начин“ објаснува Дамир.

Тој спровел истражување меѓу луѓе кои пелтечат, а резултатите биле корисни. „Сите испитаници рекоа дека повеќе пелтечат кога разговараат на телефон отколку вообичаено. Понатаму, 89,2% од испитаниците веруваат дека ваквиот уред ќе им го намали стресот и напнатоста кога мора да се јават на телефон, додека 69,2% од испитаниците би го купиле уредот во зависност од рецензиите“ вели иноваторот.

- Advertisement -

Тој уште работи на деталите, а со својот тим работи на минимизирање на димензиите на уредот. „Последните неколку месеци интензивно работам на развојот на уредот во соработка со една млада загрепска компанија. Верувам и се надевам дека идната година ќе имаме готов производ и ќе можеме да продолжиме со наредни чекори во подготовката на производот за пазарот. Првенствено мислам на сертификацијата на уредот за пазарот во Европа и во Америка, дефинирање на продажните канали и маркетинг активностите“ објаснува Дамир.

Дамир веќе контактира со одредени странски организации на луѓе кои пелтечат и сака Stuey најпрвин да го претстави уредот во Европа, односно во British Stammering Association. Во Америка, вели тој, исто така има големо здружение на луѓе кои пелтечат – National Stuttering Association. Затоа првенствено ќе се фокусира на претставување и промоција на уредот преку разни светски здруженија и организации на луѓе кои пелтечат.

Сподели!
- Advertisement -