Нов закон има за цел да спречи зависност од Facebook, Instagram, YouTube и другите социјални мрежи

- Advertisement -

Големите технолошки компании ја прифатија зависноста од нивните производи како бизнис модел, а нивните иновации не се насочени кон подобри производи, туку како со психолошки трикови да ги привлечат луѓето. Вака ги обвинува компаниите американскиот политичар Џош Холи. Тој упати предлог-закон според кој би се забраниле таквите пракси на компаниите, а ако Конгресот го усвои законот, најпознатите социјални мрежи радикално ќе се сменат.

Со тој закон Холи сака да ја спречи праксата на искористување на човечката психологија и на некој начин да ни ја оневозмоѓи слободата на избор. Законот првенствено се однесува на т.н. бесконечно скролање. Додека се движите со прстот по екранот надолу додека прегледувате што има на Facebook, Instagram, Twitter и другите мрежи, содржините автоматски се вчитуваат и се прикажуваат без потреба за некаква активност. Така корисниците стануваат зависни од скролањето.

- Advertisement -

Исто така, со законот сака да го спречи и автоматското вчитување и репродукцијата на музика и видеа на интернет-сервисите безкорисниците сами да активираат такви посавки. Така, со законот би се спречило автоматското стартување на видеа на YouTube и на Facebooк, но законот не се однесува и на забраната за автоматска репродукција на реклами. Уште една битна стаква во предлог законот е забраната за награди како беџови и слично за интеракција и користење на социјалните мрежи, особено во случај кога наградите се однесуваат на некои дополнителни содржини како нови сервиси и видеа.

Јасно е дека целта на законот е да се спречи зависноста кај корисниците од социјалните мрежи затоа што ако содржините на Facebook и Instagram, на пример, не се прикажуваат автоматски, сигурно не би трошеле толку време на скролање и хипнотизирано гледање во екранот туку веројатно побрзо вби се откажале од прегледувањето на листата со настани. Останува да видиме дали законот ќе биде прифатен или не.

Сподели!
- Advertisement -