- Advertisement -
Водечките американски технолошки компании изгубија 162 милијарди долари при вчерашното тргување на Волстрит, при што најголема загуба забележа „Епл”.
Тоа е најдраматичен пад на американските индекси во 2019 година. „Мајкрософт”, „Епл”, „Амазон”, „Алфабет” и „Фејсбук” петте највредни американски компании заедно изгубија 162 милијарди долари, што покрена поголема криза на берзата, предизвикана, помеѓу другото поради загриженоста од трговска војна помеѓу САД и Кина.
- Advertisement -
Спомнатите компании во петокот загубија 66 милијарди долари од пазарната вредност.
Најголем пад на вредноста на акциите забележа „Епл” до 5,2 отсто.
- Advertisement -