„Fridays for Future“ во петок во Скопје организира собир за иднината на опожарениот Сибир

- Advertisement -

Локалниот огранок на иницијативата Fridays for Future во петок во 17 часот пред Влада организира собир во солидарност со Русија. Тие повторно ќе побараат напуштање на актуелната стратегија за справување со климатските промени и поставување на ова прашање на врвот на приоритетите на секоја власт, вклучувајќи ја и домашната.

„Деновиве бевме неми и шокирани сведоци на еден од исходите од глобалното загревање, набљудувајќи од далеку како милиони хектари во еден од најстудените региони во светот, рускиот Сибир, беа зафатени од пожари кои беа видливи дури од вселената“, велат од Fridays for Future.

- Advertisement -

Илјадници видови жив свет беше уништен во огнената стихија, која настана поради тоа што сувите дрвја полесно се запалуваат кога ќе бидат погодени од молњи. А дрвјата се суви затоа што врнежите се се поретки во ситуација на хронична суша, предизвикана од зголемувањето на глобалните температури, посочуваат од иницијативата.

„Цело лето бевме неми сведоци на тоа како шумите околу Арктикот, на Гренланд и во Канада горат, додека во исто време поларниот лед се топеше со молскавична брзина. Научниците ни потврдија дека јуни и јули беа двата најтопли месеци во историјата откако се мери температурата“, стои во повикот за собир на иницијативата.

- Advertisement -

Оттаму велат дека единственото решение е промена на курсот на експлоатација на животната средина пред да стане предоцна. Според нив, тоа е возможно само со декарбонизација на општеството.

„Се гледаме во петок попладне на платото кај споменикот на ослободителите во близина на Владата“, повикуваат од Fridays for Future.

Сподели!
- Advertisement -