Кои теми ќе се разговараат на настанот ПР Бар?

- Advertisement -

Како што веќе беше најавувано, овој четврток на 25 октомври во Парк хотел и спа ќе се одржи првата „after work” конференција за ПР индустријата.

Под мотото „ПР Бар” овој настан ќе започне во 18 часот и ќе трае се до 21 часот. Настанот е во организација на Академија за маркетинг и пр на Creative Hub.

- Advertisement -

На првиот панел ‘„ПР и медиуми’’ говорниците ќе се обидат да одговорат на следните прашања:  ПР и медиумите имаат иста цел – да се пренесе приказната. Кој е подобар раскажувач? Можат ли еден без друг? Односот меѓу ПР професионалец и претставниците на медиумите ( љубов или омраза)

Што новинарите очекуваат од ПР професионалците? Медиуми – кои се нивните консументи? Online Vs. offline медиуми? Лажни вести (вистина или лага или само важно е да е вест)? Медиа лобирање? Комерцијален текст, АДВ или ПР?

- Advertisement -

Вториот панел е на тема „Кризен ПР менаџмент’’ и предвидени теми се следните: Стратегија за кризен ПР менаџмент;  Што е криза, а што е пропаганда? Социологија и типографија на сите засегнати страни во ситуација на кризен пр? Што е негативен текст, а што е криза? и уште многу други кои ќе се развијат во текот на дискусијата, а и публиката ќе има можност да се вклучи.

Специјален гостин на настанот е Горан Михајловски, кого публиката го знае како долгогодишен уредник на дневниот весник „Вест”, но и како автор на една од најпознатите колумни „Сакам да кажам”, која своевремено порасна и во медиум.

- Advertisement -

Целта на овој настан е да се даде вредност на ПР-от како гранка на маркетингот што започнува се по масовно да се развива.

Картите на настанот се по цена од 799 МКД и може да се купат на shop.creativehub.mk, а целиот настан ќе се одржи во фоајето на Four Ресторанот.

„Ќе ни биде чест доколку имаме маркетинг и пр професионалци од сите сфери како гости бидејќи настанот има за цел да биде неформалено дружење низ маркетинг и пр фелата во Скопје”, низ разговор ни кажа Аријана Коскарова, раководител на Академија за маркетинг и пр кој стои позади организацијата на настанот.

 

Сподели!
- Advertisement -