Турскиот производител на дронови Baykar го најави прототипот на првиот турски летачки автомобил на 6 август, кој ако се претвори во комерцијален производ, ќе биде првиот таков во земјата. Компанијата работела на техничките цртежи, тестирањето, деталите и производството на прототипот во изминатите осум месеци.
Летачкиот автомобил Cezeri се очекува да биде готов во септември и можно е да биде претставен на најголемиот фестивал за аеронаутика и технологија во Турција, Teknofest. Автомобилот го носи името по познатиот муслимански инженер Ал Џазари, кој живеел од 1136 до 1206 година.
Компанијата Baykar почнала и истражување за да се избере најдобрата од четири различни бои за прототипот. Baykar е основана во 1984 година, а произведува оружени и неоружени дронови, контролни системи, симулатори и системи за авионика.