Финска компанија направи брашно од воздух, вода и сонце

- Advertisement -

Изреката дека не може да се живее од воздух повеќе не важи затоа што една финска компанија, Solar Foods или Соларна храна, планира наскоро на пазарот да пласира нов вид протеинско брашно. Брашното се вика солеин и е направено од CO2, вода и соларна енергија. Станува збор за високопротеински состав кој содржи 50% белковини, 5% до 10% масти и 20% до 25% јаглехидрати.

Наводно, изгледа и има вкус на пченично брашно, а по претставувањето во 2021 година може да биде една од главните состојки на прехранбените производи. Постапката за производство на солеинот не ииспушта јаглерод диоксид во воздухот, туку го користи тој стакленички гас за да произведе храна.

- Advertisement -

Имено, се зема CO2 од воздухот, а потоа се комбинира со вода, помала доза хранливи материи и витамини. Со помош на 100% обновлива енергија, која ја користат од партнерската компанија Fortum, стартува природен процес на ферментација сличен на процесот со помош на кој се произведува квасец.

Од Solar Foods тврдат дека ваквото производство на протеини е ослободено од земјоделските ограничувања затоа што финалниот производ не зависи од обработката на земјиштето, количината дожд или поволните временски прилики. Не станува збор за продавање магла или промоција на несериозна компанија затоа што компанијата веќе соработува со Европската вселенска агенција на развојот на храна за производство и потрошувачка надвор од нашата планета.

- Advertisement -

Самата идеја за солеинот доаѓа од НАСА, вселенската агенција која исто така гледа потенцијал за развој на технологија за производство на храна на подрачја чии климатски услови оневозможуваат конвенционално земјоделство. Освен за исхрана на голем број луѓе, солеинот е совршена храна за вселенските патувања.

Сподели!
- Advertisement -