Научници ја пронајдоа најголемата црна дупка во вселената досега

- Advertisement -

Астрономите очигледно не завршиле со откривање големи црни дупки во вселената за оваа година затоа што Киануш Морган со колегите од Институтот Макс Планк ја пронајдоа најголемата црна дупка досега.

Црната дупка се наоѓа во центарот на галаксијата Holm 15A, која е оддалечена 700 милиони светлосни години. Оваа црна дупка е повеќе од двапати поголема од претходната црна дупка со рекордна големина.

- Advertisement -

Дупката има 40 милијарди пати поголема маса од Сонцето и 10.000 пати поголема маса од црната дупка која се наоѓа во центарот на Млечниот пат.

Тимот астрономи ја забележале црната дупка со телескоп, а податоците од опсерваторијата во Чиле им помогнале детално да ја мапираат структурата на црната дупка Holm 15A и да направат симулација за да го објаснат формирањето на галаксијата и нејзиниот центар.

- Advertisement -

Црната дупка е толку моќна и голема што ги проголтала најблиските ѕвезди или ги исфрлила на работ на галаксијата.

Сподели!
- Advertisement -