Од „скролање“ низ слики на Инстаграм, до споделување на вести на Твитер, социјалните мрежи станаа неизоставен дел од нашите животи.
Повеќемина од нас ја отвораат апликација Фејсбук и поминуваат време на неа повеќе од планираното, што резултира со „изгубено“ време. Ги носиме телефоните постојано со нас, или пак сме поврзани преку паметни часовници или други уреди кои постојано испраќаат известувања.
На глобално ниво, интернет корисниците во просек трошат околу 2 часа и 23 минути на социјалните мрежи, според извештајот на GlobalWebIndex од 2019 година.
Извештајот исто така покажува дека луѓето стануваат посвесни за зависноста од социјалните медиуми, па се поголем е бројот на апликации кои ја следат употребата на социјалните медиуми.
Меѓу нив е и „Omni Calculator“ кој го пресметува времето поминато пред екран и покажува колку книги би можеле да прочитате доколку се фокусирате на тоа. Пресметките велат дека во просек, може да се прочитаат 30 книги годишно, доколку три пати во денот се скратат по 10 минути од активноста на социјалните мрежи.
Алатките за дигитално следење стануваат голем тренд. Корисниците на Андроид можат да постават и временски ограничувања на апликациите.
Калкулаторот исто така разгледува други начини на кои може да се намали времето што се троши на социјалните медиуми, пресметувајќи колку калории може да се истрошат, ако времето на интернет, се користи за вежбање.
Извор: weforum.org, www.mof.mk