Нов Зеланд е првата земја во светот која дозволи исплата на платa во биткоин

- Advertisement -

Виртуелните валути или криптовалутите изминатите две години привлекоа многу внимание во светот. Наглиот раст, а потоа и наглиот пад на биткоин некои луѓе ги претвори во милионери, а други во губитници, додека трети се заинтересираа за целосно новиот свет на виртуелните пари.

Но, иако во светот секој ден се продаваат и се купуваат милиони биткоини, етереуми и други виртуелни валути, тие уште не се во широка употреба. Сепак, тоа би можело да се смени од 1 септември годинава, барем што се однесува на Нов Зеланд. Како што пренесуваат медиумите, Нов Зеланд станува првата земја во светот која ја лагализираше исплатата на плати во виртуелна валута и тоа онаа која е врзана за класичната валута.

- Advertisement -

Освен платите, вработените во Нов Зеланд ќе можат да примаат и бонуси во криптовалути. Така, вработените би можеле наместо во новозеландски долари, наскоро својата плата да ја добиваат во биткоин. Сепак, тоа правило не важи за оние кои се самовработени.

Дали и други земји ќе го следат примерот на Нов Зеланд засега не е познато, но последните години се повеќе се апелира на регулација на криптовалутите за да се создаде правна рамка за нивно користење во секојдневниот живот.

Сподели!
- Advertisement -